Бајден: Ако Путин не планира да употреби нуклеарно оружје, зошто постојано зборува за тоа?

Американскиот претседател Џозеф Бајден ги нарече честите референци на рускиот претседател Владимир Путин за нуклеарно оружје „многу опасни“, неколку часа откако Путин тврдеше дека нема намера да употреби такво оружје.

Фото: ЕПА

„Ако нема намера, зошто постојано зборува за тоа? Зошто зборува за можноста за употреба на тактичко нуклеарно оружје? Беше многу опасен во начинот на кој му пристапи на тоа. Тој може да го прекине сево ова, да излезе од Украина“, рече Бајден, според Ројтерс.

Путин вчера на собирот на експерти за надворешна политика рече дека не е во интерес на Русија да употреби тактичко нуклеарно оружје.
 
„Не гледаме потреба за тоа“, рече Путин. „Нема смисла во тоа, ниту политичка, ниту воена“.

Путин рече дека Русија никогаш самоиницијативно не кажала дека може да употреби нуклеарно оружје.

„Никогаш не кажавме ништо самоиницијативно за можна употреба на нуклеарно оружје, туку само со навестувања одговаравме на изјавите на лидерите на западните земји“, рече Путин.

Тој посочи дека Русија има воена доктрина, во која, како што наведе, пишува во кои случаи, од која причина, во врска со што и на кој начин Русија смета дека е можна употреба на оружје за масовно уништување во форма на нуклеарно оружје, а тоа се заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет, како и осигурување безбедност за рускиот народ.

Претставници на администрацијата на Бајден рекоа дека САД не гледаат докази дека Русија неминовно ќе употреби хемиско или тактичко нуклеарно оружје, ниту пак гледа причина да го промени својот нуклеарен став.
 
Бајден постојано ја предупредува Русија да не користи каков било вид нуклеарно оружје во нејзината војна против Украина, велејќи дека последиците ќе бидат катастрофални, без експлицитно да се изјасни како ќе одговорат САД, вели Хил.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе