Русија распореди мировни сили

Азербејџан слави бидејќи ја врати целата територија околу Нагорно-Карабах (ВИДЕО)

Азербејџан денес објави дека го завршил враќањето под своја контрола на сите територии што Ерменија му ги препушти со мировниот договор со посредување на Русија по шестнеделниот конфликт околу Нагорно-Карабах.

EPA-EFE

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев враќањето на контролата над тие области го поздрави како „историска победа“.

„Сите живеевме со еден сон и сега го остваривме“, кажа Алиев во пораката до нацијата.

„Извојувавме победа на бојното поле и на политичката сцена, и таа победа отвора нова ера за нашата земја. Ќе биде тоа ера на развој, сигурност и напредок“, оцени претседателот.

Нагорно-Карабах е во Азербејџан, но таму беше под контрола на етничките ерменски сили што Ерменија ги поддржуваше откако таму заврши сепаратистичката војна во 1994.

Таа војна во ерменски раце ги остави не само Карабах, туку и големи делови од околната територија на Азербејџан.

За 44 дена тешки борби почнати на 27 септември, азербејџанската војска ги разби ерменските сили и навлезе длабоко во Нагорно-Карабах, присилувајќи ја Ерменија да го прифати мировниот договор со посредство на Русија, кој стапи во сила на 10 ноември.

Договорот предвидува враќање на значителен дел на Карабах под контрола на Азербејџан и сите региони кои Ерменија ги држеше во околина.

Регионот Лачин, меѓу Карабах и Ерменија, беше последната од трите области на периферијата на Карабах која ерменските сили ја предадоа денес.

Русија распореди речиси 2.000 припадници на мировните сили на најмалку пет години за да го надгледуваат мировниот договор и да помогнат во враќањето на бегалците. Руските трупи ќе го обезбедуваат и транзитот меѓу Карабах и Ерменија преку коридорот во регионот Лачин.

„Ја обновивме историската правда“, кажа Алиев. „Азербејџанскиот народ ќе направи сè за да ги обнови уништените градови и села. Сега ќе живееме како величествен и горд народ“, порача тој.

Турција, која силно го поддржува својот сојузник Азербејџан, го прошири своето влијание во регионот. Во вторникот руски и турски воени претставници потпишаа документи за воспоставување заеднички надзорен центар кој ќе обезбеди исполнување на мировниот договор.

Мировниот договор во Азербејџан беше прославен како победа, но предизвика големи протести во Ерменија, каде илјадници луѓе на улиците бараа смена на премиерот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе