Комисијата дојде до заклучок дека собирањето на десничарите нема никаква врска со комеморација и дека треба трајно да се забрани.
Тие укажаа дека организаторите во минатите години не ги преземале потребните мерки за отстранување на усташките симболи меѓу учесниците.
Дури и го поттикнувале истакнувањето на усташките симболи, се наведува во извештајот на експертската група.
Величењето на фашизмот, врз основа на Државната спогодба на Австрија, треба да се забрани, додадоа експертите во комисијата.
Последната комеморација во Блајбург е одржана пред две години и таа би можела да биде и последна.
Инаку, собирањето во Блајбург го организираше Почесниот блајбуршки вод под покровителство на хрватскиот Сабор.
Виенскиот дневник „Пресе” укажува дека во искажувањето на препораката, која јасно истакнува дека собирањето во Блајбург треба трајно да се забрани, учествувале експерти на Министерството за внатрешни работи, историчари, правници и претставници на римокатоличката црква.
Австриската влада ја воспостави комисијата на експерти во 2019 година, по повеќегодишните усташки ексцеси во Блајбург.
Минатата година Народната партија на Австрија (ОВП), Социјалдемократската партија (СПО), Зелените и Неос во парламентот донесоа одлука да се направи експертска процена на собирот во Блајбург.
Актуелниот извештај ќе се најде на масата на владата со јасна препорака дека собирањето во Блајбург треба трајно да се забрани.