Веста дека Австрија решила во иднина да го плаќа рускиот гас во рубли го објавија повеќе руски новински агенции, а австрискиот канцелар ги нарече „лажни вести на руската пропаганда“.
ТАСС објави дека Австрија, во договор со нафтената компанија ОМВ донела одлука во иднина рускиот гас да го плаќа во рубли.
Бројни медиуми ја пренесоа таа вест за наводната промена на ставот на официјална Виена.
Нехамер, преку социјалната мрежа Твитер, ја негираше информацијата.
„Пред лажните вести да се прошират понатаму. ОМВ ќе плаќа за испораките на гас од Русија нормално и понатаму во евра. Австрија целосно се придржува до заедничките санкции на ЕУ“, истакна Нехамер.