„Кај нас ситуацијата е малку поинаква“, рече Шаленберг во интервју за германското радио Дојчландфунк, наведувајќи ја огромната поддршка на јавноста за австриската неутралност.
Шаленберг, чија земја 80 отсто од потребите за природен гас ги задоволува од Русија, рече дека Австрија повеќе би сакала да продолжи да обезбедува хуманитарна помош за Украина наместо да испраќа оружје.
„Ние помагаме многу, но не со оружје. Верувам дека помошта за Украина не може да се сведе само на воено наоружување“, рече тој.
Претходно денеска, Шведска и Финска официјално поднесоа барања за членство во НАТО, што е една од најзначајните промени во безбедносната архитектура на Европа во последните неколку децении. Финска со Русија дели граница долга 1.300 километри.
Швајцарија, која не е членка на ЕУ и е позната по својот неутрален статус, исто така се стреми кон приклучување кон воениот сојуз, изјави претставник на министерството за одбрана за Ројтерс на почетокот на овој месец.