Од следната недела

Австрија почнува постепено враќање во нормалниот живот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека неговата влада планира наредната недела да одобри отворање на некои продавници, како почеток на постепено враќање во нормалниот живот, кој е загрозен од пандемијата на коронавирусот.

Курц прецизираше дека целта е во вторник малите дуќани да бидат отворени за ограничен број купувачи, кои мора да носат маски.

Владата се надева дека другите продавници, како и физерските салони, ќе бидат отворени на 1 мај. Рестораните и хотелите нема да почнат со работа до средината на следниот месец, додека масовните собири ќе бидат забранети до крајот на јуни, рече Курц.

Постојните мерки за ограничување на движењето, воведени пред три недели, се продолжени до крајот на месецот.

Во Австрија околу 12.000 луѓе се заразени со коронавирусот, кој однесе 220 животи.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе