Коронавирус

Австралијка намерно му кашлала на сопатник во воз, дошло до кавга (ВИДЕО)

На интернет се рашири видео на кое се гледа како жена намерно кашла кон човекот што седи наспроти неа, во расправија за коронавирусот во воз во Сиднеј. Видеото го објави австралискиот новинар Енди Парк, кој седел покрај двајцата патници во возот.

Неколку секунди откако сопатникот ја замолува да си ја покрие устата кога кашла, таа почнува да кашла директно кон него.

Како одговор на тоа човекот ги вади слушалките и ѝ вели: „Сериозна сте? Кашлавте директно во мене?“

Таа му потврдува и додава: „Ја немам пандемијата... силеџијо. Не ја отворив устата, се закашлав без да ја отворам устата“.

Мажот посочува дека учтиво ја замолил да си ја покрие устата кога кашла, според владините совети за епидемијата од коронавирусот, но таа продолжува да го навредува.

Австралија во последниве недели бележи пораст на коронавирусните инфекции, при што 93 лица се заразени во земјата, а има и тројца мртви. Некои полици во супермаркетите во Сиднеј се празни откако потрошувачите му се препуштија на паничното купување.

Продуктите како дезинфекциски средства за раце и тоалетна хартија се во недостиг во некои области бидејќи луѓето од страв трупаат резерви.

Објавено

Понеделник, Март 9, 2020 - 17:44

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе