Австралија се откажува од најстрога блокада? „Не можеме трајно да го сузбиеме вирусот“

Австралија денеска пријави 1.607 нови случаи на зараза, додека австралиските држави и територии постепено се откажуваат од обидот за искоренување на епидемијата и се обидуваат да научат да живеат со вирусот САРС-КоВ-2.

Фото: ЕПА

Викторија, дом на една четвртина од 25 милиони жители на Австралија, регистрираше 507 нови случаи на инфекција, а нејзиниот премиер соопшти дека повеќенеделната блокада ќе трае се додека не се вакцинираат 70 проценти од лицата над 16-годишна возраст, без разлика дали има нови случаи или не.

Таа бројка, рече Даниел Ендрјус, може да се постигне до 26 октомври. Државата Викторија има 43 проценти целосно вакцинирани, а цела Австралија 46 проценти.

„Ја отвораме државата, но тоа ќе го правиме претпазливо. Нема алтернатива, не можеме трајно да го сузбиеме вирусот. Се затворивме за да купиме време и да вакцинираме 70 до 80 проценти од луѓето“, рече Ендрјус.

Остануваат многу ограничувања на сила, но луѓето ќе можат слободно да излезат од своите домови без посебна причина.

Ендрјус сака 80 проценти од населението да се вакцинира до најпознатиот коњички турнир - Мелбурн купот на 2 ноември.

Нов Јужен Велс во неделата регистрираше 1.083 нови случаи на инфекција, а блокадата и понатаму трае поради делта варијантата. Во таа држава, 52 проценти од населението е вакцинирано.

Сојузниот план е да се укине блокадата кога стапката на вакцинација ќе достигне 70 проценти, а со 80 проценти вакцинирани ќе се отворат меѓународните граници.

Целата земја досега има регистрирано само 84.000 случаи од појавата на пандемијата, а 1.162 луѓе починале.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе