Австралија се обврза на нулта емисија на јаглерод до 2050 година

Целта на Австралија е да постигне јаглеродна неутралност до 2050 година, рече премиерот Скот Морисон. Сепак, оваа цел нема да биде пренесена во закон, туку ќе се потпира на потрошувачите и компаниите кои поттикнуваат намалување на емисиите.

Фото: ЕПА

Усвојувањето на целта ќе ја ублажи меѓународната критика упатена до Австралија, пред климатскиот самит КОП26 во Глазгов од 31 октомври до 12 ноември, бидејќи таа претходно одби да им се придружи на земјите како Велика Британија и Соединетите Држави во ветувањето за нулта стапка на емисии на јаглерод до 2050 година.

Австралија е една од најголемите светски емитери на стакленички гасови по глава на жител и значаен извозник на фосилни горива, како што е јагленот. Морисон рече дека Австралија ќе постигне нулта емисија најмногу преку технолошки развој и владини инвестиции во вкупна вредност од 20 милијарди долари.

Инвестицијата, вели Морисон, ќе ги намали трошоците за технологијата како што е чист водород, што ќе ја зголеми неговата употреба. Морисон се обиде да ја ублажи секоја закана за домашната индустрија и работните места како резултат на намалувањето на емисиите.

„Австралијците сакаат одговор на климатските промени. Тие преземаат мерки против климатските промени, но исто така сакаат да ги заштитат своите работни места и средства за живот. Тие исто така сакаат да ги намалат животните трошоци“, изјави Морисон пред новинарите во Канбера.

„И јас сакам да го заштитам австралискиот начин на живот, особено во руралните и регионалните области. Австралискиот начин на живот е единствен“.

Но, тој додаде дека Канбера нема да ја промени целта за намалување на емисиите за 26 до 28 отсто до 2030 година во однос на нивото од 2005 година. Сепак, тој тврди дека Австралија ќе ја надмине таа цел и ќе ги намали емисиите за 30 до 35 отсто до 2030 година.

Морисон долго време бараше поддршка за целта нулта стапка емисии на јаглерод од својот помлад коалициски партнер, Националната партија, чија регионална моќ се потпира на земјоделството и рударството и долго време се спротивставува на климатските политики. Сепак, партијата рече дека ќе ја поддржи целта за нулта емисии на штетни гасови.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе