Австралија се бори со нов бран на омикрон, расте бројот на починати и хоспитализирани

Австралија денеска го забележа еден од највисоките броеви на дневно починати, а хоспитализациите се на речиси рекордни нивоа, додека властите се борат со високо заразната варијанта омикрон.

Фото: ЕПА

Подваријантата омикрон BA.4/5 успешно ја избегнува заштитата од вакцините или претходната инфекција и се двигател на глобалното зголемување на бројот на заразени лица.

Австралија бележи рекорден број на починати во последните денови. Денеска се регистрирани 89 смртни случаи, а во средата 90. Во четвртокот се потврдени повеќе од 55.000 нови случаи, што е најголем број од 18 мај.

Премиерот Ентони Албаниз рече дека државните водачи и федералните здравствени службеници не препорачале маските да бидат задолжителни во затворени простории, и покрај повиците од некои лекари да се стори тоа.

Австралија во претходните бранови воведуваше ригорозни рестриктивни мерки, но јавноста повеќе не го поддржува таквиот пристап. „Нема смисла да се воведе обврската за носење маски доколку таа не се спроведува“, изјави Албаниз за радиото Еј-би-си. Тој исто така рече дека здравствените власти треба да го земат предвид влијанието на строгите ограничувања врз менталното здравје.

Бројот на хоспитализирани лица е блиску до врвот во јануари. Во австралиските болници има околу 5.350 пациенти со ковид-19. Властите ги повикаа компаниите да им дозволат на работниците да работат од дома и им препорачаа на жителите да примат т.н бустер доза.

71 отсто од Австралијците ја примиле таа доза, а 95 отсто од жителите постари од 16 години примиле најмалку две дози вакцина.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе