ЕУ набавува третина од гасот од Русија

Австралија ѝ нуди природен гас на ЕУ во екот на руско-американските тензии

Австралија за време на порастот на тензиите околу Украина понуди да обезбеди дополнителни количества течен природен гас за Европската Унија, доколку Русија реши да го прекине снабдувањето со енергенси.

EPA-EFE

Со порастот на тензиите меѓу Русија и Западот предводен од САД, сè поголеми се стравувањата дека Кремљ би можел да ги намали количествата или целосно да ги сопре испораките на гас во ЕУ, пишува Војс оф Америка.ќ

На ЕУ веќе ѝ недостига гас откако ублажувањето на ограничувањата за ковид-19 ги зголеми побарувањата за резервите кои се исцрпени.

Околу третина од потребните резерви гас ЕУ ги набавува од Русија и можеби ќе ѝ бидат потребни дополнителни количества поради стравувањата од руска агресија на Украина.

Австралија е еден од водечките светски произведувачи на течен природен гас (ЛНГ) и спремна е да го зголеми својот извоз во европските земји.

Министерот за трговија Дан Техан наведе денес во соопштение дека Австралија е „спремна да ги поддржи своите пријатели и сојузници во актуелната сложена геостратегиска атмосфера“.

Тони Вуд, директор на програмата за енергетика на Гратан институтот, австралиска истражувачка организација, кажа дека Австралија е во добра позиција да помогне.

„Австралија, САД и Катар заедно испорачуваат околу 50 отсто од светското количество со бродови испорачан природен гас, додека она што Русија го обезбедува е, очигледно, преку гасоводи“, кажа тој.

Рускиот извоз на гас во Европа главно се пумпа преку гасоводите кои минуваат низ источноевропските земји.

Москва тврди дека украинскиот систем за транспорт на гас е остарен и го обвинува својот сосед за кражба на транзитниот гас.

Западните аналитичари тврдат дека Русија би можела да ги користи тензиите околу Украина за побрзо да се стави во употреба новиот гасовод Северен тек 2 до Германија, кој ги одминува Украина и Полска.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе