Пристигна првата пратка

Авионите со руски тенкови почнаа да пристигнуваат во Србија (ВИДЕО)

Авиони со тенковите кои Русија ѝ ги донираше на Србија слетале вчера на аеродромот во Батајница, неофицијално јавува Спутник.

EPA-EFE

Руската Федерација ѝ донираше на Србија 30 тенкови Т-72МС, а првите веќе пристигнале.

Како што кажа доскорешниот српски министер за одбрана Александар Вулин, тенковите Т-72 Србија ги доби како донација во рамки на воено-техничкиот договор постигнат меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот претседател Владимир Путин. Тој истакна дека оклопните единици на Србија благодарение на донацијата ќе бидат „значително унапредени и зајакнати“.

Во рамки на договорот Србија од Русија, покрај овие тенкови, доби и други оклопни возила – 30 оклопни транспортери БДРМ-2, од кои некои веќе пристигнаа во Србија.

И тенковите и транспортерите се модернизирани пред да ѝ бидат испорачани на српската војска.

Рускиот воен експерт Фјодор Болдирјов оцени дека тенковите Т-72 кои Србија ги добива „ја имаат заеедничката база на советскиот Т-72, но и низа заеднички нови компоненти и мотори од руско производство, што ќе им ја олесни експлоатацијата во Србија“.

„За условите на Балканот, посовремени тенкови на Србија не ѝ се потребни имајќи ги предвид слабостите на војските на соседните држави“, кажа Болдирјов за Спутник.

Србија, во рамки на воено-техничката соработка, од Русија набави и авиони МиГ-29, хеликоптери Ми-17 и Ми-35, противвоздушни системи „панцир“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе