Авион во Турција излета од пистата и се скрши на два дела (ВИДЕО)

Патнички авион излета од пистата на аеродромот „Сабиха Гокчен“ во турски Истанбул. На местото се испратени противпожарни и полициски екипи.

Авионот на домашен лет од Измир излета од пистата за време на слетувањето, објавија локалните медиуми. Авионот не успеал да се задржи на пистата, се лизнал на патот и се расцепил.

На снимки што се појавија на социјалните мрежи од местото на настанот се гледа дека авионот се крши на два дела, а од трупот букнува пламен. Во моментов патниците се евакуираат, а нема информации за повредени.

Сите летови кон „Сабиха Гокчен“ се пренасочени кон Истанбулскиот аеродром.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе