Аунг Сан Су Кји е осудена на уште шест години затвор за корупција

Судот во Мјанмар ја прогласи највлијателната политичарка во земјата Аунг Сан Су Кји, која беше уапсена минатата година за време на воениот удар, за виновна за корупција и ја осуди на уште шест години затвор.

Фото: ЕПА

Судењето е одржано зад затворени врати, без пристап на медиумите и публиката, а на бранителите им било забрането да даваат информации за постапката.

Аунг Сан Су Кји е обвинета дека ја злоупотребила својата положба изнајмувајќи јавно земјиште под пазарната вредност каде изградила резиденција користејќи донации наменети за хуманитарни цели.

Претходно, Аунг Сан Су Кји веќе беше осудена на 11 години затвор за бунт и корупција, наведе АП.

Аунг Сан Су Кји беше соборена во државен удар минатиот февруари и оттогаш е во затвор.

Аналитичарите оценуваат дека бројните обвинувања против Су Кји и нејзините сојузници се обид на војската да ѝ се даде легитимитет да ја преземе власта и таа да се елиминира од политиката пред да се одржат изборите следната година, наведува АП.

Во 1991 година, Су Кји доби Нобелова награда за мир

Во државниот удар на 1 февруари 2021 година, безбедносните сили на Мјанмар убиле повеќе од 160 демонстранти, а околу 13.000 луѓе биле уапсени, според локалната невладина организација Здружение за помош на политички затвореници.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе