Асошиејтед прес: Кина ѝ испорача софистициран противвоздушен систем на руската сојузничка Србија (ФОТО)

Кина во полутајна операција ѝ испорачала на руската сојузничка Србија софистициран кинески противвоздушен систем, пишува американската агенција Асошиејтед прес додавајќи дека ова се случува среде загриженоста на Западот дека трупањето оружје на Балканот во време на војна во Украина би можело да го загрози кревкиот мир во регионот.

EPA-EFE

АП пренесува дека медиумски и воени експерти кажале дека шест транспортни авиони на кинеските воздухопловни сили Y-20 слетале на белградскиот цивилен аеродром рано наутро во саботата, наводно носејќи ракетни системи земја-воздух HQ-22 за српската војска и дека кинеските товарни авиони со воени ознаки се фотографирани на белградскиот аеродром Никола Тесла.

Министерството за одбрана на Србија не одговорило на прашањето на АП.

Американската агенција пишува дека ваква испорака на оружје преку териториите на најмалку две земји членки на НАТО – Турција и Бугарија – експертите ја гледаат како демонстрација на растечкиот глобален досег на Кина.

„Појавувањето на товарните авиони зачуди многумина бидејќи сите летаа во исто време, а не како што е вообичаено да оди лет по лет.

Исто така, самото присуство на тие авиони во Европа е прилично нов и досега невиден развој на настаните“, објави магазинот Ворзоун.

Српскиот воен аналитичар Александар Радиќ кажа дека Кинезите спровеле своја демонстрација на сила.

АП понатаму пишува дека српскиот претседател речиси ја потврдил испораката кажувајќи дека во вторник или среда ќе ѝ ја претстави на јавноста најновата гордост на српската војска.

Потсетува дека американската влада уште во 2020 година го предупредиле Белград за купување на кинескиот противвоздушен систем. Тие порачале дека, ако Србија навистина сака да пристапи во Европската Унија и други западни сојузи, ќе мора својата воена опрема да ја усогласи со западните стандарди.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе