Апсења во Сараево поради воени злосторства извршени врз српското население во БиХ
Полициски службеници на Државната агенција за истраги и заштита во областа на кантонот Сараево уапсиле пет лица, поради постоење основан сомнеж дека во периодот од 1992 до 1994 извршиле кривични дела злосторство против цивилно население и злосторство против воени заробеници.
EPA-EFE
По криминалистичката обработка во просториите на СИПА, уапсените лица ќе бидат предадени во понатамошна надлежност на Обвинителството на Босна и Херцеговина.
Станува збор за злосторства над српското население.
Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.