Антиваксери се обидоа насилно да влезат во зградата на Би-би-си во Лондон (ВИДЕО)

Демонстранти антиваксери се обидоа насилно да влезат во телевизискиот центар на Би-би-си во западен Лондон. Тие се гневни поради планот на британската влада да воведе ковид-пасоши и да одобри вакцинирање на децата против коронавирусот.

EPA-EFE

Според снимките објавени на социјалните мрежи, демонстрантите се обидоа да влезат во зградата и покрај бројните полициски сили, јавува Индипендент.

Голем број демонстранти се собраа и во еден од лондонските паркови. По некое време, демонстрантите го напуштија паркот во придружба на голем број полицајци.

На снимката може да се слушне како некој од толпата вика: „Можеби ќе одиме до Би-би-си“.

Толпата стигна до Би-би-си, каде ја дочекаа полицајци. Демонстрантите се обидоа насилно да влезат во зграда, но полицијата успеа да ги спречи.

Портпаролот на лондонската полиција кажа дека засега никој не е уапсен, но дека ќе продолжат да ја следат ситуацијата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе