Амнести интернешнел ја обвини американската полиција за кршење на човековите права

Амнести интернешнел ја обвини американската полиција за кршење на човековите права за време на неодамнешните антирасистички протести во САД.

EPA-EFE

Во извештајот објавен денес, Амнести вели дека полицијата повеќе пати користела физичка сила, агресивни хемиски средства како солзавец и бибер-спреј и „помалку смртоносни“ проектили како гумени куршуми за да ги растера мирните протести.

Според извештајот, неодамнешните настани ја зголемиле загриженоста „во поглед на правото на живот, на безбедноста на лицето, на еднаквата правна заштита, на слободата од дискриминација и слободата на изразување и мирољубивото собирање“.

Организацијата за човекови права наведува 125 независни „инциденти, непотребна или претерана употреба на сила на агенциите за спроведување на редот“ во 40 држави и во главниот град.

Службениците за спроведување на законот навидно не напаѓале само мирољубиви демонстранти туку и претставници на медиумите и медицински персонал на улиците „со физичка сила, хемиски средства, проектили со кинетички удар и произволно ги апселе и притворале“, се наведува во извептајот и се побикува на построги мерки и процесирање на извршителите на полициското насилство.

Соединетите Држави беа преплавени со бран на протести по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд при полициското приведување во Минесота.

Иако протестите беа главно мирољубиви, американскиот претседател Доналд Трамп во големите градови како Портланд и Орегон распореди сојузни агенти, предизвикувајќи критики поради несразмерната употреба на сила.

Според Амнести, над 1.000 луѓе гинат во полициско насилство секоја година во САД, иако за тоа нема официјални бројки.

Според статистиките диспропорционален број жртви на овие убиства се црнците.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе