Амнести интернешнал: Жал ни е, но стоиме зад тврдењето дека украинската војска загрозува цивили

Организацијата за човекови права Амнести интернешнал соопшти дека „длабоко жали поради болката и гневот“ кои ги предизвикал нејзиниот извештај, но дека целосно стои зад своите наоди.

EPA-EFE

Амнести во четвртокот соопшти дека украинските сили го кршат меѓународното право и загрозуваат цивили со поставувањето бази во станбени подрачја, вклучувајќи училишта и болници.

„Тактиката на украинските бранители на никој начин не ги оправдува неселективните напади на Русија, со тоа што некои руски воени злосторства, вклучувајќи ги тие во Харков, не биле поврзани со таа тактика“, напиша во извештајот организацијата и додаде дека забележала инциденти во кои украинските сили изложиле на опасност цивили во 19 градови и села во регионите Харков, Донбас и Миколаево.

„Документиравме образец според кој украинските сили изложуваат цивили на опасност и ги кршат воените правила со своето дејствување во населени подрачја. Дејствувањето во одбранбена позиција не ја иззема украинската војска од почитувањето на меѓународното хуманитарно право“, кажа генералната секретарка на организацијата Агнес Каламард.

АИ за Си-ен-ен соопшти дека жали за предизвиканата болка, но дека останува на своите тврдења и дека сака да разјасни неколку клучни точки.

„Направивме проценка врз основа на правилата на Меѓународното хуманитарно право, кои бараат од сите страни во конфликт да избегнуваат лоцирање, во најголема можна мера, на воени цели во или во близина на густо населени подрачја. Воените закони делумно постојат за да се заштитат цивилите и од таа причина ги поттикнуваме владите да се придржуваат до нив“, соопшти Амнести интернешнал.

„Тоа не значи дека ги сметаме украинските сили за одговорни за прекршувањата на руската војска ниту дека украинските сили не преземаат соодветни мерки на претпазливост во други области во земјата“, се додава.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе