Вашингтон

Американскиот сенат едногласно изгласа забрана на Тик-ток на владини уреди

Американскиот сенат едногласно го потврди законот со кој на вработените во сојузните служби им се забранува да ја користат апликација Тик-ток на официјални електронски уреди, јави Ројтерс.

Фото: ЕПА

Апликацијата дојде на мета на американските власти, бидејќи Тик-ток е во сопственост на кинескиот Бајт денс.

Компанијата има рок до 15 септември да ја продаде популарната апликација за размена на кратки видео клипови на Мајкрософт Корп или да се соочи со целосна забрана во Соединетите Држави.

Извори за Ројтерс претходно изјавија дека директорите на Бајт денс целиот Тик-ток го проценуваат на повеќе од 50 милијарди долари.

Според кинескиот закон воведен во 2017 година, компаниите имаат обврска да ја поддржуваат и да соработуваат со националната разузнавачка служба во земјата.

Минатиот месец, Претставничкиот дом гласаше за забрана со што се исполнети условите законот да стапи на сила.

Од Тик-ток претходно соопштија дека нивен „најголем приоритет е да промовираат безбедно опкружување кое ја заштитува приватноста на корисниците“.

Тие исто така изјавија дека соработуваат со експерти од американското Министерство за внатрешна безбедност со цел „да ја спасат апликацијата од странско влијание и евентуално споделување на лажни вести за претстојните претседателски избори“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе