Американскиот и кинескиот претседател разговараа за Украина, објавени се детали од состанокот

Заврши разговорот на претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден и неговиот кинески колега Си Џинпинг.

EPA-EFE

Како што јавува Си-ен-ен, тие разговараа преку видеолинк. Сè уште не е познато колку долго разговарале. Состанокот почна нешто по 14 часот по средноевропско време.

Засега се објавени неколку детали од разговорот кој би можел да биде многу важен во поставувањето на Кина кон ситуацијата во Украина.

„Конфликтот и конфронтацијата не се во интерес никому“, му кажал кинескиот претседател Си Џинпинг на Бајден, пренесуваат кинеските државни медиуми.

„Односите меѓу државите не можат да влезат во фаза на воен конфликт. Мирот и безбедноста се највредното богатство на меѓународната заедница“, кажал Си, а пренесува ЦЦТВ.

„Украинската криза е нешто што не сакаме да гледаме дека се случува“, кажал Си. Истакнал и дека Кина и САД мора да ги водат билатералните односи на вистинскиот пат, а дека и двете страни треба да преземат одговорност и да вложат напори за мир во светот, пренесува Ројтерс.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе