Во Соединетите Американски Држави во последните 24 часа се заразени 46.455 луѓе со коронавирусот, а умреле 666, па бројот на смртни случаи од почетокот на избивањето на пандемијата е поголем од 525.000, објави Универзитетот Џонс Хопкинс.
Целосно вакцинираните може да се собираат и со оние кај кои постои мал ризик од развивање тешки симптоми на ковид-19, на пример вакцинирани дедо и баба можат да посетат здрави деца или внуци.
ЦДЦ наведе дека луѓето се сметаат за „целосно вакцинирани“ дури две недели по примената последна доза од вакцината.
Долго очекуваните насоки на ЦДЦ се објавени откако голем број Американци побараа одговори дали по целосната вакцинација можат да се вратат на нормалниот живот.
Повеќе од 30 милиони Американци ги примиле двете дози на вакцината против ковид-19, а уште десетици милиони би требало да ја примат втората доза до крајот на месецот.