„Предлогот мора да биде на маса“

Американскиот амбасадор во Приштина: Владата на Косово итно да почне преговори за формирање на Заедницата на српски општини

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави на Косово Џефри Ховение ја повика косовската влада итно да почне преговори за формирање Заедница на општини со српско мнозинство, пренесува Радио слободна Европа.

Скриншот Јутјуб

„Предлогот за Заедницата мора да биде на маса“, кажа Ховение во разговор со новинарите во Приштина.

Одговори и на прашањето за тоа дали ЗСО би можела да биде нешто како ентитетот Република Српска во Босна и Херцеговина, кажувајќи дека „тоа не е прикладно, не е пожелно имајќи предвид како Заедницата би функционирала на Косово“.

„Одлуката на косовскиот уставен суд дава некои параметри кои обезбедуваат тоа да не биде така. Постојат многу начини на кои владата на Косово може да ја исполни оваа обврска која ја прифати, а да се избегне ситуација како во случајот на Република Српска“.

Тој ја повика владата на Косово за десет месеци да го одложи спроведувањето на одлуката за пререгистрација на возилата од српски на таблички со ознака РКС (Република Косово).

„Владата на Косово не би требало да почне со казнување на возачите кои возат автомобили со српски таблички“, кажа американскиот амбасадор, кој ова го побарал директно од владата.

Коментарите на Ховение следуваат пет дена откако претставниците на Србите ги напуштија институциите на Косово, вклучувајќи ги парламентот и владата.

„Сметаме дека повлекувањето на косовските Срби од косовските институции не е решение за актуелните спорови и загрижени сме дека тоа има потенцијал дополнително да ги крене тензиите на терен. Загрижени сме поради моменталната ситуација и можноста за ескалација, можното насилство, и секако влијанието кое моменталната ситуација ја има на доброто функционирање на државата Косово“, кажа тој, додавајќи дека „сите страни треба да ги намалат тензиите“.

Амбасадорот на САД потврди дека е во тесна комуникација со косовската влада во изминатите денови, но „не може да потврди дали владата ги презела мерките кои ги побарале од нив“.

Наведе дека и Белград и Приштина треба да го имплементираат она што е договорено во Брисел.

„Ја охрабруваме владата на Косово да направи сè што е во нејзина моќ да допре до заедниците и оние кои решиле да заминат... така што ќе чувствуваат дека можат да се вратат на она што е договорено – интеграцијата на српската заедница во институциите на власта“, заклучи Ховение.

Легенда под Главна слика

Скриншот Јутјуб

Трендот на заминување на младите од родната земја е загрижувачка појава која се случува во Македонија.

повеќе

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе