Американскиот амбасадор во Приштина: Американските војници не гинеа за Голема Албанија или Голема Србија

Американскиот амбасадор на Косово Филип Коснет изјави дека војниците на САД не гинеле за да се создаваат Голема Србија или Голема Албанија.

EPA-EFE

Тој кажа дека е гневен поради тоа што луѓето на Косово „се откажале од косовското државјанство“ кога ги прашале за националистичките изјави на косовските политичари за придружување на Албанија.

„Мојот коментар за придружувањето кон Албанија е непроменет. Американските војници не се бореа, ниту пак гинеа, за да се создадат Голема Албанија и Голема Србија на Балканот. Би сакал да го свртам вниманието на уставот кој повикува на мултиетничко општество со верска слобода за сите. САД се мултиетничка земја и дури и по речиси 250 години и понатаму се бориме за изградба на општество во кое постои еднаквост пред законот, еднакви можности за сите, во кое етничките групи и раси живеат во хармонија“, кажа тој.

Додаде дека не би сакал да види како луѓето на Косово се откажуваат од создавање демократска мултиетничка заедница.

„Мислам дека Косово има корист од тоа што е мултиетничко, мултирелигиско општество и дека разговорите за Голема Албанија, разговорите за Голема Србија на Балканот би биле предавство, би биле неуспех и мислам дека ова не е одговор на проблемите на земјите во регионот“, истакна Коснет.

Пред неколку дена кандидатот за претседател од Алијанса за иднина на Косово Рамуш Харадинај кажа дека Косово не може да чека додека другите не бидат расположени да ги завршат многуте отворени теми кои се однесуваат на Косово.

Најави дека за четири-пет години би можело да дојде до ситуација граѓаните на Косово на референдум да се изјаснат за припојување кон Албанија.

„ќе излеземе на референдум за обединување со Албанија, не затоа што така сакаме, туку затоа што веќе 20 години на Западот му даваме збор дека сакаме да ја почитуваме едната заедничка визија евроатлантско Косово да се придружи на ЕУ, да се зачлени во НАТО, да стане член на УН, Србија да го признае“, кажа Харадинај.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе