Не може само да им се каже „придружете се на санкциите“

„Американскиот амбасадор во Белград: Србија е во специфични околности во врска со санкциите против Русија

Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил кажа денес дека Србија е во специфични околности кога станува збор за воведувањето санкции против Русија.

EPA-EFE

Како што објасни, причина за тоа е големата зависност од руските енергенси и дека станува збор за комплексна слика за да може само да им се каже „придружете им се на санкциите“.

„Да е тоа само до нас, а не до Србија, би кажале морате да се придружите на санкциите, но ние сфаќаме дека постојат специфични околности за Србија“, кажа Хил одговарајќи на прашањето како санкциите на Европската Унија кон Русија би можеле да се одразат на Србија ако не донесе одлука побрзо.

Тој изрази очекување дека „ќе ја имаат Србија покрај себе“, и напомена дека сè почнува со енергетската независност и со тоа Србија да има поинаков избор.

„Сигурен сум дека во иднина ќе биде во ред Србија да има избор од Русија да зема гас, тоа сега не е во ред и затоа на Србија треба да ѝ се помогне со тој избор“, кажа Хил.

„На прашањето за решавањето на косовскиот проблем Хил кажа дека дали во овој или во следниот век „Србите кога ќе се разбудат ќе видат дека Албанците го земале Косово за себе“ и затоа, како што кажа, се надева дека нормализација ќе биде постигната во меѓувреме за да се продолжи со нештата кои им се важни на обичните луѓе.

Хил оцени дека западните земји бараат од Белград и Приштина да го одржат процесот на дијалогот и да се обидат да ги намалат тензиите и меѓусебно да разговараат за да дојде до нормални односи.

На прашањето дали косовскиот случај може да се спореди со случајот на украинските територии припоени кон Русија, Хил оцени дека нема многу сличност бидејќи Украина е во поинаква позиција.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе