Американски воен брод помина низ „најчувствителната точка во кинеската надворешна и територијална политика“

Американски воен брод помина низ Тајванскиот теснец во четвртокот, соопшти министерство за одбрана на тој остров кој бара независност.

Сето тоа се случува за помалку од една недела откако Каи Инг Вен е повторно избрана за претседателка врз основа на политичката платформа на спротивставување на Пекинг.

„Бродот пловеше кон север, преку чувствителните води, а тајванските вооружени сили го набљудуваа неговиот пат“, се вели во соопштението.

Министерството го опиша настанот како „обична мисија“ и наведе дека луѓето можат да бидат мирни, пренесе Ројтерс.

Тајван е најчувствителната точка во надворешната и територијална политика на Кина.

Пекинг никогаш не ја исклучи можноста да го врати островот под своја контрола со сила.

Тајван е признат од само 17 земји членки на Обединетите нации, вклучувајќи ги и САД.

Тесниот Тајвански теснец е чест извор на тензии.

Кина двапати го испрати својот најнов носач авионот Шандонг по тој пат во пресрет на изборите во Тајван, одржани минатата сабота, што Тајпеј го осуди како обид за заплашување.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе