Биофизичарот Мајкл Левит

Американски нобеловец: Најлошото од коронавирусот ќе помине побрзо отколку што се мисли

Нобеловецот и биофизичар од Стенфорд Мајкл Левит во јануари почна да анализира голем број случаи на коронавирус и правилно предвиде дека Кина од најлошата фаза на епидемијата ќе се извлече многу пред предвидувањето на други епидемиолози.

Сега Левит предвидува слично сценарио за САД и остатокот од светот, пишува Лос Анџелес тајмс.

Додека многу епидемиолози предупредуваат месеци, а некои дури и години масовни социјални нарушувања и милиони смртни случаи, Левит вели дека податоците едноставно не поддржуваат такво сценарио, особено во области каде што има мерки на социјално дистанцирање меѓу луѓето.

„Она што ни треба е да ја контролираме паниката“, додаде тој. „Ако ја гледаме големата слика, ќе бидеме во ред“, рече Левит.

Во случајот со Кина, тој на 31 јануари забележа дека земјата има 46 нови смртни случаи од коронавирус, во споредба со 42 смртни случаи претходниот ден.

Иако бројот на смртни случаи се зголемил за 24 часа, стапката на растот почнала да се намалува. Токму таа стапка, смета Левит, зборува повеќе од бројките.

Така тој точно предвиде дека бројот на смртните случаи ќе забави уште повеќе следната недела.

Три недели подоцна, Левит предвиде дека вкупниот број на потврдени случаи на коронавирус во Кина ќе биде околу 80.000 со околу 3.250 смртни случаи, што се покажа изненадувачки точно.

На 16 јануари, Кина имала 80.229 случаи и 3.245 смртни случаи. Бројот на новозаразени се намали на околу 25 на ден, а во последните неколку недели се намали уште повеќе.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе