Американски генерал: Србите повеќе не се проруски

Фредерик Бен Хоџис, поранешниот врховен командант на американските копнени сили во Европа, кажа дека од новите црногорски власти очекува да ги исполнат своите обврски кон НАТО.

EPA-EFE

Хоџис, кој во моментов е соработник на вашингтонскиот Центар за анализа на европската политика (ЦЕПА), вели и дека од која било земја сојузничка на НАТО на која ќе ѝ биде поверено чување на доверливи податоци на црногорските служби очекува да ги заштити тие податоци.

Пензионираниот американски генерал е уверен дека новата власт во Подгорица, кога станува збор за обврските кон НАТО, ќе заземе „смирен, практичен став и ќе ги исполни своите обврски како членка на Алијансата“.

„Луѓето попрактично ги гледаат нештата кога се всушност на власт и чувствуваат целосна одговорност“, кажа Хоџис, коментирајќи го пристапот на новото парламентарно мнозинство кон НАТО.

Тој, кога станува збор за просрпските партии, кои не го поддржуваат членството на Црна Гора во НАТО, кажа дека Србите во кој било дел од Балканот повеќе не ги гледа како нужно проруски.

„Повеќето од нив сфаќаат дека „лојалноста“ кон Кремљ во изминатите децении воопшто не го подобри нивниот квалитет на живот и ситуацијата. Поради тоа и (српскиот претседател Александар) Вучиќ зазема долгорочен пристап кон западните интеграции. На овој начин сите луѓе на Балканот можат да го подобрат својот квалитет на живот и да покажат дека младите луѓе можат да го достигнат својот потенцијал“, истакна Хоџис.

На прашањето дали со промената на власта се создаде простор за повторно руско дејствување во Црна Гора, Хоџис одговори дека Кремљ секогаш ќе се обидува да го постигне тоа.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе