Американската министерка за енергетика: Климатската криза отвора простор за нуклеарната енергија

Климатската криза отвора пазарна прилика за технологиите кои придонесуваат на намалувањето на емисиите на јаглерод, како нуклеарната енергија, со инвестиции од 23 милијарди долари до 2030 година, кажа американската министерка за енергетика Џенифер Гранхолм која повторно го придвижи Партнерството за трансатлантска енергија и климатска соработка (П-ТЕЦЦ).

EPA-EFE

Тоа е програма за примена на чисти технологии во централна и источна Европа, а ја финансираат САД.

Технологиите со низок удел на јаглерод отвораат пазарен потенцијал од 23 милијарди долари до крајот на оваа деценија и нудат „огромен потенцијал за земјите од двете страни на Атлантскиот Океан“, кажа Гранхолм.

Зборувајќи неделава на интернет брифинг за новинарите, Гранхолм кажа дека трансатлантскиот пазар „ќе отвори прилика за отворање нови бизниси, нови индустрии, за привлекување милијарди долари нови инвестиции и сигурно отворање на милиони нови работни места“.

Таа изрази и поддршка за Инцијативата на три мориња, која обединува 12 земји од ЕУ – Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Романија, Словачка и Словенија, сместени меѓу Балтичкото, Црното и Јадранското Море.

За Гранхолм јакнењето на трансатлантската соработка во областа на чистата енергија станува сè поитна поради климатските промени.

Во САД програмата на претседателот Џо Бајден „Билд бек бетер“ ја вклучува целта целокупната американска електрична енергија да се произведува од чисти извори до 2035 година, кажувајќи дека тоа вклучува намалување на емисиите на јаглерод диоксид за повеќе од 50 отсто до 2030 година и нивно намалување на нула до 2050.

„Знам дека Европа работи на слични мерки“, кажа Гранхолм додавајќи дека САД со европските партнери работат на соработка во областа на нуклеарната енергија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе