Коронавирус

Американците би можеле да имаат колективен имунитет до летото

Со вакцинацијата против коронавирусот, САД би можеле да имаат колективен имунитет до летото оваа година.

Фото: ЕПА

Ентони Фаучи, главниот медицински советник на американскиот претседател Џо Бајден, истакна дека експертите се согласуваат дека 70 до 80 проценти од населението на една земја мора да бидат имуни за да има колективен имунитет, пренесува Си-ен-ен.

Во моментов, во оваа земја се вакцинираат два милиони луѓе дневно, според Американскиот центар за контрола и превенција на заразни болести (ЦДЦ). Затоа, овој имунитет се очекува да се стекне до летото оваа година. Можеби тоа ќе се случи и порано поради оние што имаат или ќе имаат природен имунитет.

Повеќе од осум проценти од Американците или 28 милиони од нив се целосно вакцинирани. Доколку вакцинацијата продолжи со сегашното темпо, до средината на септември може да се вакцинираат 70 проценти од населението, дури и ако тоа се прави исклучиво со вакцините од компаниите Фајзер/Бајонтек и Модерна.

Сепак, охрабрува и одобрувањето за употреба на вакцината од компанијата Џонсон и Џонсон, која вети дека ќе им испорача сто милиони дози на САД во првата половина на годината.

Соодветно на тоа, веќе до крајот на јули 70 проценти од населението би биле вакцинирани, а до средината на септември 85 проценти, покажа анализата на Си-ен-ен.

Отежнувачка околност може да бидат новите соеви на коронавирусот, бидејќи некои од нив се шират побрзо.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе