Америка испраќа уште четири моќни ракетни фрлачи во Украина

Соединетите Американски Држави ќе испратат уште четири мобилни ракетни системи Химарс во Украина, најави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, кој е последен во низата пакети за воена помош што треба да ја зајакне Украина во борбата против руските сили.

Фото: ЕПА

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу претходно оваа недела им нареди на генералите да дадат приоритет на уништувањето на ракетните системи со долг дострел на Украина откако руските линии за снабдување беа гаѓани со оружје од западно производство.

„Ќе продолжиме да бараме нови начини да им помогнеме на храбрите мажи и жени од вооружените сили на Украина на долг рок и да ја дизајнираме нашата поддршка така што Украина ќе има технологија, муниција и огнена моќ да се брани“, рече Остин на виртуелниот состанок посветен на Украина.

Западот ја снабдува Украина со артилерија со долг дострел и ракетни фрлачи со повеќе цевки за да и помогне да се судри со супериорната руска артилерија. Химарс има поголем дострел и е попрецизен од артилеријата од советско производство која Украина ја има во својот арсенал.

Остин рече дека новиот пакет вклучува и ракети за фрлачи со повеќе цевки и артилериска муниција. Сметајќи го најновиот пакет, САД досега и обезбедија на Украина 16 Химарси. Вкупната американска воена помош од почетокот на војната во февруари изнесува осум милијарди долари.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе