„Кој мислеше дека Македонија и Грција ќе постигнат договор за името, но се случи. Луѓето мислеа дека е невозможно Обединетите Арапски Емирати, Бахреин или Судан да изградат односи со Израел, но и тоа се случи“, кажа Коснет.
Тој гостувајќи на косовската телевизија Дукаѓини кажа дека „Косово, како дел од Европа, треба да одржува добри односи со официјален Брисел“.
„Кога дојдов на Косово и се сретнав со политичките лидери, често ми кажуваа дека не им се потребни Европејците, бидејќи имаат посебни односи со САД. Им кажав: Да, имате посебни односи со САД и би сакал демократите и републиканците во САД да се договорат и за други прашања, како што се договараат за односните со Косово, но погледнете ја картата, Косово не е во Северна Америка, туку во Европа“, кажа Коснет.
Тој смета дека одлуката на владата во Приштина за укинување на работната група за борба против корупцијата била погрешна.
„Мислам дека тоа беше погрешна одлука, бидејќи работната група за борба против корупцијата беше многу ефикасна. Да беше таа работна група модифицирана, тоа ќе беше нешто нормално“, кажа Коснет.