Ако се постигне договор меѓу Белград и Приштина

Амбасадорот на САД во Приштина: Можна е промена на ставот на петте земји во ЕУ за признавање на Косово

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Приштина Филип Коснет изјави вчера дека петте земји од Европската Унија кои не го признаваат Косово би можеле да го сменат својот став доколку дојде до промена на односите на Белград и Приштина.

EPA-EFE

„Кој мислеше дека Македонија и Грција ќе постигнат договор за името, но се случи. Луѓето мислеа дека е невозможно Обединетите Арапски Емирати, Бахреин или Судан да изградат односи со Израел, но и тоа се случи“, кажа Коснет.

Тој гостувајќи на косовската телевизија Дукаѓини кажа дека „Косово, како дел од Европа, треба да одржува добри односи со официјален Брисел“.

„Кога дојдов на Косово и се сретнав со политичките лидери, често ми кажуваа дека не им се потребни Европејците, бидејќи имаат посебни односи со САД. Им кажав: Да, имате посебни односи со САД и би сакал демократите и републиканците во САД да се договорат и за други прашања, како што се договараат за односните со Косово, но погледнете ја картата, Косово не е во Северна Америка, туку во Европа“, кажа Коснет.

Тој смета дека одлуката на владата во Приштина за укинување на работната група за борба против корупцијата била погрешна.

„Мислам дека тоа беше погрешна одлука, бидејќи работната група за борба против корупцијата беше многу ефикасна. Да беше таа работна група модифицирана, тоа ќе беше нешто нормално“, кажа Коснет.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе