Алпинисти за првпат во историјата среде зима го освоија К2, вториот највисок врв во светот

Тим непалски планинари влезе во историјата со првото кога било изведено зимско искачување на вториот највисок врв во светот.

EPA-EFE

„Екипа од 10 непалски шерпаси се искачија на К2 денес попладне“, изјави секретарот на Пакистанскиот алпинистички клуб (АЦП) Карар Хаидри.

К2, висок 8.611 метри, е познат како „Дива планина“, се наоѓа во северен Пакистан во близина на границата со Кина.

Тоа досега беше единствениот врв повисок од 8.000 метри на кој не беше изведено зимско искачување.

Врвот првпат е совладан на 31 јули 1954 година.

Повеќе од 50 планинари од целиот свет, кои се дел од три меѓународни експедиции, исто така ќе се обидат да се искачат на него оваа зима.

К2 се смета за потешко искачување од она на највисокиот врв во светот, Монт Еверест.

Во август 2008 година 11 планинари загинаа во лавина на К2, во една од најлошите несреќи во историјата на алпинизмот.

Северен Пакистан е магнет за планинарите и дом на некои од највисоките планини во светот, меѓу кои К2 и Нангапарбат, позната и како „Планина убиец“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе