Албански демонстранти се судрија со полицијата: „Светот нѐ гледа како илегални мигранти“ (ВИДЕО)

Албанските опозициски демонстранти вчера се судрија со полицијата пред канцеларијата на премиерот Еди Рама за време на собирот на десетици илјади луѓе кои се борат против корупцијата и растечката сиромаштија, поради што сѐ повеќе луѓе ја напуштаат земјата.

Фото: скриншот

Откако околу три часа мирно протестираа, демонстрантите го пробија полицискиот кордон околу зградата на Владата и фрлија црвена и црна боја. Полицијата уапси еден демонстрант. Останатите запалија свеќи во спомен на двајцата мажи, кои, според опозицијата, загинале додека биле во полициски притвор.

„Исто како и пред 32 години, светот нѐ гледа како луѓе кои пристигнуваат во мали чамци“, рече лидерот на опозициската Демократска партија Сали Бериша за зголемениот број Албанци кои се преселуваат во Велика Британија.

Британските министри тврдат дека зад бранот мигранти кои го минуваат Ла Манш стојат Албанци и дека дел од нив се вмешани во организиран криминал.

Последниот протест се смета како обид на Бериша да ги покаже своите мускули пред локалните избори во мај 2023 година. На Бериша, кој претходно беше и претседател и премиер, му е забранет влезот во САД од 2021 година поради наводна корупција. Тој негира дека сторил нешто лошо.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе