„Елитите во Албанија се заинтересирани да се бават со симболите на минатото и луѓето да ја заборават сегашноста. Што се однесува до обединување, сè додека Косово не е членка на ОН, од аспект на меѓународното право тоа не може да се обедини ни со Албанија, ни со Македонија, ни со Црна Гора“, кажа Битиќи.
Според него, за Косово да се придружи на друга земја, земјата од која се отцепува и земјата на која се придружува, како и нивните граѓани, мора да се согласат.
„Во овој случај Србија мора да се согласи“, кажа Битиќи.