Албанија воведува задолжителна вакцинација на сите пратеници

Албанскиот парламент денес донесе одлука за задолжителна вакцинација на сите пратеници против коронавирусот.

EPA-EFE

Пратеникот на владејачката Социјалистичка партија Таулант Бала кажа дека лидерите на сите парламентарни групи се сложиле вакцините да бидат задолжителни, како и дека повеќето седници ќе се одржуваат онлајн.

Вакцинацијата е веќе задолжителна за албанскиот медицински персонал, наставниците, професорите и студентите,

Здравствените функционери порачуваат дека следната недела, кога ќе почне школската година, би можел да следи уште еден пораст на инфекциите.

Албанија во август забележа значителен пораст на дневните случаи, а една третина од 2,8 милиони жители на земјата е целосно вакцинирана.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе