Албанија и Косово ќе имаат заеднички амбасади во Африка и Азија

Албанија и Косово, според најавите на нивните претставници, наскоро ќе имаат заеднички дипломатски претставништва во Африка и Азија, пренесува Репортери.

EPA-EFE

Министерката за надворешни работи на Албанија Олта Џачка изјави по состанокот со шефицата на косовската дипломатија Доника Гервала дека Албанија и Косово наскоро ќе имаат заеднички дипломатски претставништва во Африка и Азија.

Џачка кажа дека тоа произлегува од договорот кој го постигнале албанскиот и косовскиот премиер Еди Рама и Аљбин Курти на состанокот одржан на 27 септември.

„Го зголемуваме нивото на заеднички дипломатски активности во Африка и Азија, и затоа ќе дојде до спојување на одделни амбасади за нашите дипломати потесно да соработуваат“, кажа Џачка.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе