Секој топлински бран во областа ќе трае недела до две и ќе се карактеризира со рекордни температури, но тие би требало да бидат прекинувани со бавни бури, кои ќе доведат до пад на температурите и до врнежи.
Јужниот дел на Европа го очекува рекордна топлина, со повремено невреме. Слично како и минатото лето, градовите низ Балканот и годинава може да очекуваат повеќе денови со температури над 32 Целзиусови степени.
Во 2021 година во Букурешт се забележани 35 дена со температури од или над 32 Целзиусови степени. Слично беше и со Атина, во која имаше 67 дена со температура од најмалку 32 степени, што е многу над вообичаениот просек од 46 дена.
Метеоролозите на Акјуведер годинава предвидуваат дека температурите ќе надминат 32 степени меѓу 31 и 38 дена во Букурешт и меѓу 55 и 63 во Атина.
Топлите периоди ќе бидат придружени со суши, иако тие годинава би требало да бидат поблаги од 2021 година.
Во втората половина на летото би требало да има повеќе грмежи отколку во првата. Сепак, веројатно нема да бидат доволно распространети за да ги надминат проблемите до кои ќе доведе периодот на суша.
Акјуведер наведува дека грмотевиците би можеле да бидат меч со две острици, во смисла дека до одреден степен ќе го ублажат периодот на суша, но ќе предизвикаат тешки временски непогоди, вклучително и бури, кои може да ги оштетат посевите на пченицата и пченката.
Летните горештини не би требало толку силно да го погодат северниот дел на Европа колку јужниот дел, велат метеоролозите.