Се слушаат сирени, одекнуваат шок-бомби

Акција на специјалците на Косово, Србите на улица (ФОТО+ВИДЕО)

Во Косовска Митровица во тек е акција на косовската полиција. Низ градот се слушаат сирени за тревога и одекнуваат шок-бомби.

EPA-EFE

Како што јавува Косово онлајн, косовската полиција која дошла од Јужна Митровица упаднала во една од градските аптеки каде ги проверува царинските документи за набавка на лекови. Како што тврдат сведоци, упаднале и во неколку продавници. Порталот наведува дека станува збор за акција за спречување на шверц на стока.

Потоа народот излегол на улиците, изразувајќи го незадоволството од полициската акција, а ситуацијата ескалирала кога косовската полиција почнала да фрла шок-бомби и солзавец.

Според Косово онлајн, полициската акција е во тек во повеќе места на северот на Косово, а во меѓувреме на лице место пристигнале и припадници на единиците РОСУ.

Косовската полиција се огласи со соопштение во кое се наведува дека „во раните утрински часови почна полициска операција со цел реализирање на стратегиските цели во спречување кривични дела, особено во борбата против шверцот на стока. Акцијата се спроведува во регионот на Приштина, Пеќ, Јужна и Северна Митровица“, се наведува.

„Сите полициски дејства се спроведуваат во координација со надлежните обвинителства и судови, а се однесуваат на проверки и претреси на различни локации како куќи, станбени и деловни простори, магацини за стока. Како резултат на интензивните акции и професионалните дејства на косовските полиција и царина. Досега е запленета стока која служи како материјален доказ“, се тврди во соопштението.

Според порталот Коссев, незадоволните Срби одговориле со камења, по што косовската полиција фрлила солзавец.

За време на пресметката била направена материјална штета на повеќе цивилни автомобили паркирани во близина.

Србите тврдат дека косовската полиција врши напад „на своја рака“.

„Упаѓаат во магацини, продавници, аптеките не работат, изведуваат акција на своја рака и без консултации и подготовки со полицијата во северниот дел на Митровица“, изјавија очевидци за РТС.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе