Ајкула нападнала жена во Хургада, луѓето во шок ја гледале крвавата сцена (ВИДЕО)

Во Хургада во Египет ајкула нападнала жена во близина на одморалиште, одгризувајќи ѝ рака и нога.

EPA-EFE

Повредената 68-годишна австриска државјанка веднаш била префрлена во болница во петокот, кога се случил нападот, но починала поради големото губење крв. Таа била донесена во состојба на шок, но лекарите не успеале да ѝ го спасат животот.

Спасувачите им забраниле на други туристи да пливаат на местото каде што се случила трагедијата.

Според официјални извори на кои се повикува агенцијата Ал Арабија, жртвата е идентификувана како Елизабет Сквајер, локална жителка венчана за египетски државјанин.

На социјалните мрежи е објавена снимка од нападот. Се гледа жена како се капи и одеднаш водата околу неа станува црвена.

Голем број сведоци во близина го гледале настанот, но никој не се осмелил да ѝ помогне.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе