Аеродромот во Кабул се отвора за прифаќање помош, извршени првите домашни летови

Амбасадорот на Катар во Авганистан кажа дека техничка екипа успеала да го оспособи аеродромот во Кабул за прифаќање хуманитарна помош и дека се спроведени првите домашни летови, јави Ал џезира.

EPA-EFE

Пистите се поправени во соработка со авганистанските власти, кажа амбасадорот.

Ал џезира додава дека два домашни лета се спроведени од Кабул кон градовите Мазар и Шариф и Кандахар.

Кабулскиот аеродром е затворен откако заврши големата воздушна евакуација  на странските државјани и авганистанските граѓани кои работеле за нив.

Крајот на операцијата на воздушниот мост го означи и крајот на повлекувањето на последните американски војници од Авганистан по 20-годишната војна.

Евакуацијата на десетици илјади луѓе се случи откако авганистанските покраини и главниот град Кабул речиси без отпор паднаа во рацете на талибанците, исламистичките екстремисти против кои Западот предводен од Американците се бореше од 11 септември 2011 година.

Илјадници луѓе кои сакаа да избегаат од Авганистан, во страв од одмазда на талибанците и нивната власт, не успеаја да побегнат и останаа во земјата откако евакуацијата заврши на последниот ден од август.

Талибанците ветија слободен излез за сите кои сакаат да заминат.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе