„Близу 100% точност“

Аеродромот во Хелсинки користи кучиња трагачи за откривање на ковид-19

Кучиња трагачи обучени за откривање на новиот коронавирус во четвртокот почнаа да работат на аеродромот во Хелсинки, во пилот-проектот финансиран од државата паралелно со рутинското тестирање на аеродромот во Вантаа, соопштија властите.

EPA-EFE/MAURI RATILAINEN

Ефективноста на кучињата сè уште не е научно потврдена, па затоа патниците кои доброволно се пријавуваат и постои сомнеж дека го носат вирус, се повикани да бидат тестирани со кучињата и да се споредат резултатите со вистинскиот тест.

Тим од 15 кучиња и десет инструктори биле обучени од фински волонтери спонзорирани од приватна ветеринарна клиника. Меѓу кучињата е и Коси, кој претходно бил обучен да детектира рак.

„За време на истражувањето видовме дека кучињата можат да ја детектираат болеста пет дена пред да се појават какви било клинички симптоми“, рече Ана Хиелм-Бјоркман, специјализирана за клинички истражувања со животни кои детектираат болести.

„Тие се многу добри во тоа, близу до 100 процентна точност“, додаде таа, зборувајќи за способноста на кучињата да откриваат случаи на зараза со коронавирус.

Кучето е способно да открие присуство на коронавирус во рок од 10 секунди, а целиот процес трае помалку од една минута, вели Бјоркман.

За време на тестот, патниците се бришат со марамче околу вратот, а потоа марамчето се става во тегла која се носи во друга просторија и се става покрај други што содржат различни мириси, кои кучето почнува да ги душка.

Ако кучето укаже дека го открил вирусот, на патникот му се препорачува да направи ПЦР тест со помош на назален брис за да се потврди пресудата на кучето.

Пред неколку месеци, властите во Обединетите Арапски Емирати спроведоа сличен тест со кучиња на аеродромот во Дубаи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/MAURI RATILAINEN

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе