Црногорскиот премиер

Абазовиќ: Односите со Србија се приоритетни, спремни сме за интензивна соработка

Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ се сретна денес со претседателот на Србија Александар Вучиќ на Светскиот економски форум во Давос.

Скриншот Инстаграм

На состанокот било констатирано дека Црна Гора вложува максимални напори на Западниот Балкан да се промовира политика на регионална соработка, помирување, соживот, подобра економска поврзаност.

Абазовиќ, како што соопшти црногорската влада, истакнал дека Црна Гора е посветена на развојот на добрососедските односи со Србија, кои се дополнително зајакнати од заедничките европски цели и регионалниот контекст, „и засновани на економската, географската и политичката упатеност едни кон други“.

Кажал и дека е потребно да се унапреди економската соработка, „пред сè преку реализација на заедничките проекти во енергетиката и инфраструктурата“.

„Односите со Србија за владата на Црна Гора се приоритетни поради што сме спремни на интензивна соработка во сите области од заеднички интерес“, порачал Абазовиќ.

Легенда под Главна слика

Скриншот Инстаграм

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе