Црногорскиот вицепремиер

Абазовиќ: Да им се намалат платите на функционерите, да им се зголемат на лекарите

Потпретседателот на владата на Црна Гора Дритан Абазовиќ го поддржа предлогот за измени и дополнувања на законот за заработка на вработените во јавниот сектор кој синдикатот на доктори на Црна Гора им го проследи на сите пратеници во црногорското собрание.

EPA-EFE

Во соопштението се додава дека Абазовиќ кажал дека иако упатеното барање не му припаѓа нему ресорно, тој има многу јасен став за тоа, јавува подгоричкиот портал Вијести.

„Сметам дека на другите функционери треба да им се намалат заработките, а да им се зголемат на лекарите. Според мене тоа е праведно решение. А кога велам „функционери“, мислам на оние од прва категорија кои имаат најголеми заработки во земјата“, кажа црногорскиот вицепремиер.

Во соопштението се наведува и дека Абазовиќ и претходно се залагал Црна Гора да има прогресивна стапка на оданочување на заработката, што би значело дека на оние кои најмалку заработуваат ќе им останат исти или ќе им се зголемат, а оние кои имаат поголема заработка ќе имаат поголеми даночни обврски, со што би се направила праведна дистрибуција.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе