Покажаа испитувањата

95% успешна е вакцината против ковид на Модерна

Биотехнолошката фирма со седиште во САД е последната во низата што покажаа импресивни резултати од третата фаза на испитувањето.

Фото: ЕПА

Американската фармацевтска компанија Модерна денеска објави дека нивната вакцина против коронавирусот има ефикасност од 94,5 проценти, пренесува Си-ен-ен.

Ова е втора вакцина од САД што има високо ниво на ефикасност. Фајзер и Бајонтек во почетокот на месецов изјавија дека нивната вакцина е ефикасна 90 проценти.

„Ова се очигледно мошне возбудливи резултати“, рече главниот американски епидемиолог, Ентони Фаучи. „Не може да биде подобро од ова - 94,5 проценти е навистина извонредно“, рече тој.

Податоците за ефикасноста се добиени од клиничкото испитување на вакцината на Модерна.

„Тоа беше еден од најголемите моменти во мојот живот и кариера. Апсолутно е неверојатно да може да се развие вакцина и да се види можноста за спречување на болеста со толку висока ефикасност“, рече д-р Тал Закс, шеф на медицинскиот персонал на Модерна.

Фаучи рече дека вакцинацијата може да почне во втората половина на декември, пренесува Си-ен-ен. Се очекува првата вакцина прво да ја примат ризичните категории од населението и здравствените работници, а потоа на пролет и останатата популација.

 

Нема сериозни несакани ефекти

Во испитувањето на Модерна учествуваа 15.000 доброволци на кои им било дадено плацебо. Во текот на неколку месеци, 90 од нив заболеле од ковид-19, од кои 11 имале потешки форми на болеста.

Други 15.000 учесници ја примиле вакцината и само петмина од нив заболеле од ковид-19. Никој немал потешки симптоми, пренесува Си-ен-ен.

Компанијата соопшти дека вакцината нема сериозни несакани ефекти. Мал процент од оние што ја примиле, како што се наведува, имале главоболки и болки во телото.

Модерна планира да ја пријави вакцината веднаш штом ќе добие повеќе податоци за нејзината безбедност подоцна овој месец.

 

Предности во однос на вакцината на Фајзер

Вакцината на Модерна, како што истакнува Си-ен-ен, има една предност во однос на вакцината на Фајзер - може да се чува на температура од -20 степени, за разлика од вакцината на Фајзер, за која е потребно складирање на -75 степени.

Бидејќи потребната температура е слична на онаа што е потребна за складирање вакцини против сипаници, тоа значи дека вакцината на Модерна може да се чува во „замрзнувачи што веќе ги има кај повеќето лекари и аптеки“, посочи Закс.

Исто така, Модерна објави дека нивната вакцина може да се чува во фрижидер 30 дена, за разлика од таа на Фајзер, која може да трае само пет дена.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе