90.000 руски војници во близина на Украина. Американски генерал: Има многу причини за загриженост

Соединетите Американски Држави следат доволно знаци и предупредувања околу руските воени активности покрај Украина, кои предизвикуваат „голема загриженост", и се чини дека руската реторика е се поостра, рече американскиот воен службеник, генерал Марк Мили.

Фото: ЕПА

Мили, началник на здружениот стожер на американската војска, одби да шпекулира за опциите што САД би можеле да ги разгледуваат во случај на руска инвазија. Сепак, Мили во еден од најопширните коментари ја истакна важноста на украинскиот суверенитет за Вашингтон и за НАТО Алијансата.

„Доколку има отворена агресија на руската воена акција во националната држава независна од 1991 година, во прашање се важни национални безбедносни интереси на САД и членките на НАТО“, рече Мили за време на летот од Сеул до Вашингтон.

Украина рече дека Русија распоредила повеќе од 90.000 војници до границата. Но, Москва ги отфрли сугестиите дека се подготвува за напад врз јужниот сосед и го брани своето право да распоредува војници на својата територија, како смета дека е соодветно.

Кремљ веќе го припои црноморскиот полуостров Крим од Украина во 2014 година, а потоа ги поддржа бунтовниците во борбата против украинските владини сили на источниот дел на земјата. Во тој конфликт според Киев 14.000 луѓе биле убиени.

Експертите предупредуваат дека непредизвикана руска инвазија би можела да биде дестабилизирачки фактор и може да создаде домино-ефект далеку надвор од Украина, во време на сè поголема загриженост поради кинеските намери кон Тајван. Мили јавно одби да ја изнесе својата проценка за бројот на руските сили во близина на Украина, но сугерираше дека неговата загриженост оди подалеку од бројот на руските војници.

„Нема да ви кажам што следиме и индикаторите или предупредувањата од разузнавачка точка, но следиме сè. И сега има доволно за да предизвика голема загриженост, а ние ќе продолжиме да следиме“, рече Мили.

Русија и Украина имаат вековна заедничка историја и беа двете најголеми републики на Советскиот Сојуз се до неговиот распад во 1991 година, па Москва амбицијата на својот сосед да се придружи на НАТО го смета за навреда и закана.

Откако почна најновата криза, Москва постави барања за законски обврзувачки безбедносни гаранции на Западот и убедувања дека НАТО нема да ја прими Украина во членството или да распореди ракетни системи за гаѓање на Русија.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен ја предупреди Москва на „високата цена“ ако ја нападна Украина и го повика рускиот колега да побара дипломатски излез од кризата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе