300 милиони американски долари: прва земја што им плаќа надомест на семејствата на жртвите од ковид

Врховниот суд во Индија во понеделникот ја одобри одлуката на владата да плати околу 670 долари за секоја смрт од коронавирусот во земјата како компензација за најблиските роднини на починатите, пренесува Си-ен-ен.

Фото: ЕПА

Според пресметките на Си-ен-ен, исплатите се на вкупна сума од над 300 милиони долари врз основа на сегашниот број смртни случаи во Индија. Според информациите објавени од индиското Министерство за здравство, до понеделникот наутро по локално време официјално се регистрирани 448.997 смртни случаи од коронавирусот.

Според пресудата на судот, на семејствата на жртвите што починале во рок од 30 дена по поставувањето на дијагнозата, како и на тие на лицата што долго време биле лекувани во болница, а потоа починале дома, ќе им биде исплатен надомест.

Во спорните случаи, комисијата за жалби ќе ја разгледува евиденцијата на починатиот пациент и ќе испрати повик во рок од 30 дена, вели Гаурав Бансал, адвокатот што првично ја поднесе петицијата.

„Сите болници во кои е примен пациент и во кои е обезбеден третман ќе ја достават целата потребна документација за третманот до член на семејството на починатиот по барање“, се вели во пресудата.

„Според законот, ова не е добродетелство. Ова е законско право на лице да поднесе барање за отштета“, рече Бансал за Си-ен-ен минатата недела.

Формирани се комисии за надомест што ќе се справуваат со сите прашања поврзани со причините за смртта на членовите на семејството. Програмата им овозможува на најблиските роднини ретроактивно да бараат надомест, а тој ќе продолжи да се обезбедува за смртните случаи што може да се појават во идните фази на пандемијата на коронавирусот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе