2% од богатството на Илон Маск може да го реши гладот во светот, вели директор на програма на ОН

Мала група екстремно богати поединци би можеле да помогнат во справувањето со гладот во светот со само мал дел од нивното богатство, вели директорот на Светската програма за храна (ВФП) на Обединетите нации.

Фото: ЕПА

„Милијардерите треба еднократно да дојдат на помош“, изјави Дејвид Бисли за Си-ен-ен, наведувајќи ги особено двајцата најбогати луѓе во светот, Џеф Безос и Илон Маск. „Шест милијарди долари за помош на 42 милиони луѓе кои буквално ќе умрат ако не им помогнеме. Не е комплицирано“, додаде Бисли.

Директорот на Тесла Илон Маск поседува богатство вредно 289 милијарди долари, според Блумберг, што значи дека Бисли бара донација од само два отсто од неговото богатство. Богатството на американските милијардери речиси е двојно зголемено од почетокот на пандемијата и сега изнесува 5,04 трилиони.

„Комбинацијата од неколку кризи, како што се климатските промени и пандемијата на ковид-19, значи дека многу нации тропаат на вратата на гладот“, рече Бисли.

Половина од населението во Авганистан, 22,8 милиони луѓе, се соочува со акутна криза со глад, според извештајот на ВФП објавен во понеделникот. Огромната невработеност и неликвидноста значат дека земјата е на раб на хуманитарна криза и 3,2 милиони деца на возраст до пет години се загрозени, се заклучува во извештајот.

Серијата нови извештаи од администрацијата на Бајден издаде строго предупредување минатата недела - ефектите од климатските промени ќе бидат сеопфатни и ќе претставуваат проблем за секоја национална влада. Во тие извештаи, администрацијата наведува дека климатските промени ја иницираат миграцијата, што е првпат американската влада официјално да ја признае врската помеѓу климатските промени и миграцијата. ВФП предупредувала на овој тренд и во минатото, особено во регионот на Сувиот коридор во Централна Америка.

„На пример, да ги земеме САД и Централноамериканскиот Сув коридор, значи Гватемала, Хондурас, Ел Салвадор и Никарагва. Ние помагаме да се прехранат многу луѓе во таа област, а климата постојано се менува и носи урагани и поплави, тоа е страшно“, рече Бисли во вторникот.

ВФП проценува дека на 5,2 милиони луѓе итно им е потребна помош во храна во етиопскиот регион Тиграј, каде етиопскиот премиер Абиј Ахмед од минатата година води голема офанзива против Народноослободителниот фронт на Тиграј. Оттогаш се убиени илјадници цивили, а повеќе од два милиони луѓе се раселени. Хуманитарните организации како ВФП имаат проблеми со снабдувањето на оние на кои им е потребна помош во регионот, што само е влошено со кризата.

„Не знам од каде им е храната. Снемавме гориво. Немаме готовина да им плаќаме на луѓето, ни недостасуваат пари и не можеме да ги стартуваме нашите камиони“, изјави Бисли за Си-ен-ен.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе