18 земји успеале да го избегнат коронавирусот

Според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс, до денес 18 земји не го потврдиле присуството на вирусот ковид-19.

Тоа се Комори, Кирибати, Лесото, Маршалските Осрови, Микронезија, Науру, Северна Кореја, Палау, Самоа, Сао Томе и Принципе, Соломонските Острови, Јужен Судан, Таџикистан, Тонга, Туркменистан, Тувалу, Вануату и Јемен.

Повеќето експерти се согласни дека некои земји веројатно не пријавуваат случаи на зараза со коорнавирусот, но ги имаат.

Северна Кореја, на пример, нема рпијава на заразени, а во Јемен се води војна.

Меѓутоа, земјите во кои вирусот не дошол се главно острови со малку посетители.

Според податоците на Обединетите нации, седум од 10 најмалку посетени места на светот го немаат забележано вирусот.

Светската здравствена организација на 11 март прогласи пандемија на коронавирусот.

Првиот случај на зараза со ковид-19 се појави во кинескиот град Вухан во декември 2019 година.

За само три месеци се рашири по севтот, а до сега е забележан во 204 земји.

Со коронавирусот во моментов се заразени 1.067.748 луѓе.

Пандемијата досега однесе 56.752 животи, но и 226.039 се излечени.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе